- Тоа што свињите идат во вашата нива е поради неодговорноста на вашиот комшија кој забораил да ги нарани, а вие требе да седнете и очи во очи да разговарате за проблемот - сериозно му одговори Матновидецот кој перманентно беше облечен во зимска јакна затоа што во телевизијата немаше ни греење.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Дали беше навистина зафатен со научна работа или беше само загледан во таванот како и секој негов пациент легнат на болничкото легло без рамки и поткренат душек кај зглавјето место перница, тоа можеше само да се наѕре од сутеренското прозорче што гледаше кон скалите на клиниката, но кое перманентно беше затестено од прав бидејќи беше недостапно за четките на чистачките.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)