пак (прил.) - кај (предл.)

— Море Митра, шо барала нашла, јас неа ни муабет не а права, токо, така, ти a напомни за да те обида да не си врзан за неа та да ни побегниш некој ден пак кај неа — одговори Трајко и станаа, очигледно сите задоволни од разговорот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Отидоа кај другарите на чешмичето, и во знак на успешно свршена работа, ручаа заедно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Секој земаше толку за да може да мине едно деноноќие, а и зошто повеќе да ја натрупува, торбата - треба да остави нешто и за својот собрат, а и не му треба повеќе, и утре, пак кај „Халите“, ќе има „продукти“...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И само еден чекор оддалечи се од ѓаволот и записот таен станува невидлив; и врати се пак кај него, и пак ќе го видиш!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се разбуди, мило на мајка? Се врна пак кај нас!?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
ХРИСТОВ: Што можам јас? Кој ме праша мене за нешто? Ме повикаа пак кај Иванов.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се враќаме пак кај Огнена Ѓорго. Добар е човекот, уште не се пограѓанчил сосема, а и некоја далечна своина паѓаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Утрото треба да одам пак кај Роса, да потажам. Свеќа да ѝ запалам. А свеќа, пусто, нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ах, да знам кој ме заѕида: ќе го вратам пак кај мајка му, меѓу нозе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Е, ај, ќе се вратиме. Се враќаме пак кај пазарот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)