пак (прил.) - ѝ (зам.)

Само ѝ влегло во устата кога спиела на гумното и пак ѝ излегло...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
— И времево е курва, вели татко, и пак го живееме, и Богородица била курва и пак ѝ се молиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Затоа пак ѝ ја остави на Ајша. – Ти што ќе направиш, направиш: само гледај умно со марифет. Оваа со сила не можеме да ја кандисаме.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По долго лечење, на Кала пак ѝ се поврати апетитот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И гледам - ридот пак ѝ ги препречил очите на Билјана.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
— Смеј се мори, смеј се, коа да не си видела како се гушкаат маж и жена! — пак ѝ се брецна, сега посериозно, мислејќи во моментот дека нему му се смее.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)