„Проштавај, апсанџијо мој, тоа сум што сум и ќе бидам пак тоа. Сложи се со тоа, па да има слога меѓу нас“.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Меѓутоа, оправдано се поставува прашањето: Дали Гарванов притоа навистина се раководел од интересите на Револуционерната организација или пак тоа го правел од некои поограничени интереси на ЦК, респективно од негови лични?
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Очите на Отец Симеон станаа темни и длабоки до дното на едно несфаќање. „Се спремате за циркус“, рече невесело. „Или пак тоа е наследството?“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Седевме уште долго. Тоа, пак тоа. Истите разговори- истите одговори. Излез не гледавме никаде. Целата вечер беше загубена.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Она пладне, кога војната беше оттатнета, а нејзините сенки сѐ уште стоеја во изгорените куќи на нивното село, и во разурнатите мостови, и во разодградените плотишта, а по селските сокаци се тркалаа празните картонски кутии од УНРРА, и селаните се облекуваа во половните американски карирани виндјакни со неминовната црвена шарка, и кога двете селски бакалници беа прекрстени во Кооперативни сектори, а секој нивни ден се завршуваше со по една фронтовска конференција, на која тие по двајца-тројца продолжуваа да се запишуваат во Задругата; она попладне, во кое исто така мнозина, продолжувајќи да немаат доверба, а и Змејко беше меѓу нив, обично молчеа, за сето време, сите тие денови, и додека се меткаа по цел ден по средселото, а и вечерта на конференциите, а дури после си се разотидуваа кон дома; она попладне, кога ќе им станеше чудно ако речеше некој дека оваа вечер нема да има конференција, толку чудно и толку пусто, што дури и самите би ја закажале неа, она додека исчекува задружниот курир - поранешениот пандур, - пак да притропа со барабанчето по сите мегдање од селото и се чудеа што уште го нема; во таа тишина, во која стоеја зачмаени на средсело сите мажи, а меѓу нив само ретко ќе пробечеше некој глас, кој можеше да бара или огон, или тутун, кој ниеднаш не кажуваше ништо повеќе: тоа пладне, во кое подоцна се насобираа сите крај една лимузина и еден џип што пристигааа од градот, носејќи уште една од сите оние делегации, што доаѓаа на конференциите и постојано им го зборуваа сѐ тоа пак тоа, сега од колите излегуваа луѓето и се поздравуваа со селаните со онаа неприфатена, одгатната фронтовска желба за приближување и Змејко уште на прв поглед го препозна онојго.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)