пак (прил.) - ништо (зам.)

Плесен ти фатила устата и пак ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со мојава кожа ги топлам. Пак ништо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пак фаќам и пак ништо. Секнато ѝ е млекото, ко празно торбе ѝ се мавта вимето. „Скинато ќесе ништо не држи“ , велеше Лазор Ночески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му кажа уште една, и пак ништо, но на третата Мартин се раскикоти.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ги начулувам ушите и пак ништо. Ајс, отсебо, сту, ништо не разбирам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)