пак (прил.) - праша (гл.)

— Ами, шо ќе правиш, невесто, со волку вапцано? — пак праша Митра.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На другата вечер дедо Иван пак праша: - Па велиш поначесто, Стојче? - Поначесто, дедо Иване, поначесто.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Ти ли си? - пак праша затвореникот, како да не им веруваше на своите очи. - Да, јас сум.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ами, домаќине, зошто не го спомнуваш брат ми, Бог да го прости и коските да му се миросат... - се прекрсти баба трипати и пак праша: - Зошто не го спомнуваш?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- А пари? пак праша белораката. - Ќе собираме, ќе просиме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И како што беше спокоен, достоинствен, наеднаш се возбуди и вџаши. – Од кое место сте вие? – пак праша и ѝ се приближи на Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Проголтна и пак праша: - Така е, верни мои, ама момичката решила да ми го докрајчи срцево.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Ќе кажете ли? – пак праша тој.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- А потоа ќе ме пуштиш, нели? - пак праша рибата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)