пак (прил.) - дојде (гл.)

Макар што немаше луѓе, ни поп, ни брави за курбани, ни брашно за погачи, ни вино ни ракија како и порано во среќно време, старците и бабите што се прибраа од збеговите пак дојдоа в црква да запалат по некоја свеќа или пак да се прекрстат пред иконата на свети Илија да ги има во раката нивните мили и драги што беа затворени во тврдината на Пешта.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- А јас - настојуваше Крстовица - вака би му кажала во книгата на стопанот: - „Стопану Крсто, здравје, имам, сполај богу и...“ - и таа залипа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога си отиде Германецот и пак дојде Гркот, тогаш Ристо мој одрами пушка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Да му кажам дека останав сама, да му кажам дека Ристо... дека Ристо не знам како е, што прави...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
— После се вративме, вели Воскресија Мукаетова, пак дојдовме кај гробиштата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ристо мој и уште некои други рекоа: - Ако оваа држава е држава на сите и ако сите се рамни, тогаш нека ги казни арамиите и сите што пљачкосуваат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На другиот ден Трајче пак дојде во Караорман.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Откако помина поштарот, некаде кој единаесет часот претпладне, кога селската продавница вообичаено е затворена и пред неа нема никого, авторот пак дојде тука да поседи сам на талпата спружена за клупа пред продавницата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)