очигледно (прил.) - нема (гл.)

Втората идеја според Маерс била “примена некако ладно од Грците, кои очигледно немаат желба да се откажат од кој било дел од нивната земја во корист на македонското движење“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- Јас очигледно нема што многу да кажам, туку кажувајте ги вие своите љубовни доживувања, - со предизвик ја постигна целта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во еден момент патеката се двоеше - првата водеше кон врвот на ридот каде очигледно немаше ништо интересно, само тапа, заоблена завршница на искачувањето, после кое следеше веројатно исто толку правливо спуштање удолу.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Брезничанецот Едо очигледно немаше ни соседи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Само го слушнаа избезумениот глас на мажот, кој очигледно немаше со себе пасош и не можеше да дојде до нив.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Полицијата очигледно нема ништо против оваа идеја - ќе ги видиме како стојат покрај масите на Safe Project гледајќи ги со одобрувачко интересирање.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така што, во тој случај станува проблематична идејата внатре да има луѓе кои ќе нудат да ја тестираат дрогата која, нели, божем ја нема.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Уште пред да можам да замавнам со раката мачката престана да ми го гризе увото и замавна со шепата, зафаќајќи ми ја целата лева страна на лицето, од веѓата, преку окото, кое за среќа го затворив, низ образот, сѐ до устата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но, тој очигледно немаше таква намера.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)