Настапи штама. Луѓето очигледно беа и вчудовидени и речиси исплашени зашто, по пауза, Стамен Мивката рече: „Луѓе! Ако е ова вистина, којзнае што не чека!“
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Нешто ме глочкаше на папокот, и јас ја кренав маицата: видов дека на мојот папок стои црниот пајак од младоста, брошот на мојата баба; Јан Лудвик, очигледно беше дошол од циркусот, од белиот свет, да ми го врати црниот пајак, и откако го беше испил своето питие, ја беше запечатил чашата со пајакот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Иако очите ги остави долго запрени на моето лице, очигледно беше загледана далеку во минатото.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не ја препознав ни жената која заедно со фустанот како да го имаше заземено најголемиот дел од попречната штица напред во колата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Човекот кој одеше пред колата очигледно беше Боге од Бањи, но човекот што седеше на штицата и управуваше со коњот не го познавав.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Сакаш да знаеш што имам заклучено од тие денови во чекмеџето на моите спомени?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Беше тоа типичен претставник на својата епоха: носеше зимски капут од чоја, необично долг и широк, темносин шешир од филц со спуштен обод, широки пантолони со високи манжетни и светли плитки чевли, воочливо слични на ортопедски; околу вратот поради некоја причина му висеше кинески пешкир.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Судејќи според изразот на лицето, тој беше интелектуалец, иако, од друга страна, требаше да се биде внимателен поради густата брада што оддалеку потсетуваше на иње и очигледно беше одвратна за допирање како тркалото за острење.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Очигледно беше - иако се бореа, нападнатите беа послаби од беспризорните.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Се слушна гласот на неколку момчиња, кои очигледно беа се намерачиле да ги фрлат своите јадици и да уловат нешто во матно.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но, очигледно беше, дека честите напади од ден на ден го слабееја неговото срце.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Климент Камилски очигледно беше подготвен прв да говори, и ова Татко јасно го почувствува.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Очигледно беше на пат кон нешто убаво, магично, единствено. Проклет да бидам, единствено.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Сигурно, тоа можеше и да се очекува, очигледно беше неговото отсуство, господе, колку беше тој внесен во својата работа, во тоа дрво, се чинеше немаше ништо повредно за него од тоа дрво.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Сесијата очигледно беше завршена. Иглата се зари во раката на Винстон.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Очигледно беше задоволен поради неколкуте долари што ќе му ги донесе тоа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Очигледно беше распаметена од страв. Помислата да ја одбие не му ни падна на ум.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дневната заповед на Големиот Брат очигледно беше посветена на одавањето признание за работата на една организација позната како ПТЦЦ, која ги снабдуваше морнарите на пловечките тврдини со цигари и со други потрепштини.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Точно беше дека таа на целата војна гледаше како на измама: но очигледно беше дека дури и не забележала оти името на непријателот е променето.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Очигледно беше дека оној вид средба што се случи тоа утро не можеше да биде повторен.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Впрочем, тоа да не се разјасни докрај, не беше само негова особина, тоа очигледно беше во менталитетот на луѓето од овој крај, некоја воздржаност во кажувањето на фактите, а уште повеќе на сопственото мислење и ставови.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Му недостасуваа разговорите со Ренди, му недостасуваше неговото друштво, и го сожалуваше затоа што во повремените паузи помеѓу изливите на гнев, кога ќе здивнеше, Ренди очигледно беше зашеметен, истоштен и самиот тажен.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Филип Д. очигледно беше збунет.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Со сурлата земаше од водата, го полеваше слончето, а и самиот себеси, и очигледно беше задоволен.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Пушам читајќи ги овие графити, замислувајќи си како изгледа Дуле со крваво око, Марко со фластер на увото и Мери со завој на носот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Очигледно беше дека нешто не е во ред - водата нејќеше да си оди, а ми беше страв, кога казанчето повторно се наполни, да пуштам пак вода за да не направам уште поголема белја.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Очигледно беше, дури и за моите малку кратковидни очи, дека изворот на неговите страдања е ист како и мојот, центарот на лицето, носот, она што мене веќе пет дена ми е покриено со крвав завој и што ми ја прави устата сува.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
На лицето му се исцрта уплав. – Не се плаши – се насмеа Беличот, кој што очигледно беше веќе запознат со оваа тајна.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
„Другарите тоа го сметаат за опасно“, ми вели тој мене, на што веќе немам што да приговорам. Очигледно бев виновен.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Зашто белешките во првиот дел очигледно беа на таткото, а во вториот на Едо селанецот ја имаше продолжено работата на татка си.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)