Можеби, како што вели пријателот Хорацио Цвикало, јас боледувам од „К-синдром“: орелот што ме колве е заробен внатре, во мојот желудник, и очајнички се обидува да се исплетка – оттаму ме господарот сновинденијата и јавето го вселувам во бајка; но овој случај сè е очигледно: наспроти впечатливите портрети на мајсторите – свештеници, кои ја проголтаа одајата, сликичките во албумот ја откриваат лежарноста на шаховските фигури по играта, околу трпеза или на шарено ќилимче сред поле, а меѓу нив, од сончевиот воздух, изнуркуваат тие - надреалистичките девојки!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ох, Анастасијо, за малку ќе си заминев без да те видам, ѝ реков и погледнав повторно надолу, сакав навистина да видам какви чевли носи, а оттаму ме гледа никој друг туку некој смален Ролан, со насмевка иста како неговата.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Истата црвена коса, истата уста, жи ми сè!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)