Тој ќе ја кренеше главата кон неа и отсутно ќе ѝ се насмевнеше.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тој се обидуваше да ја внесе и Мајка во овие вистини, но таа само отсутно ќе го погледнеше, задлабочена во секојдневната битка, во тие први повоени години, како да се нахранат, уште еден ден, гладните детски усти.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во еден период, најчесто ја кажуваше поговорката: Shqipëria nje pëllëmbë e ngriti boten në këmbë! (Албанија, педа земја, сет свет на нозе го крена!) Татко, во тие моменти, ќе ја погледнеше, небаре отсутно ќе се согласеше, во потрага по новата кота на нашиот егзил, а ние, децата, настојувавме во разните фази од животот, вистински да ја протолкуваме Мајкината поговорка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)