отсекогаш (прил.) - сме (гл.)

„ Јас мислев дека ние отсекогаш сме војувале со Евразија“, рече незаинтересирано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Другарот Чапаев продолжи: - Ние, малите народи, стари и понови на Балканот, отсекогаш сме биле жртви на големите апетити на империите, од најстарите па сѐ до новите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Нека знае нашиот гостин дека отсекогаш сме биле земја на длабоки бездни.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Единките ќе умрат, како и секогаш, но нашата историја ќе стаса толку далеку колку што воопшто ќе ни затреба да се загледаме во иднината, и со сознанијата од нашето постоење од сите времиња што допрва ќе дојдат, ние ќе ја сознаеме вредноста и оттаму и одговорот по кој отсекогаш сме трагале.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Ма, не, мамо. Јас и Виктор отсекогаш сме биле другари и ништо повеќе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со восхит и нова надеж го напуштаме овој состанок, на кој овластените ѕвезди на нашиот PEN, тие мајстори на вдахновениот консензус, му покажаа на Енценсбергер дека Запад површински размислува, а дека Србите длабински си вообразуваат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со Југославија отсекогаш сме имале одлични односи Излегував задоволен, охрабрен од претседателската палата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)