Кога се приближувам до селото, првата куќа од лево, крај една мала карпа е на едни диви луѓе кои сите ги дефинираа како такви, затоа што не се мешале со никого, така што тие отсекогаш биле исклучок од сите случувања во селото.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Претпоставувам дека, ако би ни биле познати сопствените коски, никогаш не би ги покопувале мртвите, туку би ги чувале како светињи во соби уредени онака како што би сакале да ги затекнеме кога ќе отидеме во посета; а нашите непријатели, доколку ги украдеме нивните тела од боиштето, треба да ги ставаме во музеј онака како што умреле, со сѐ уште видливиот челик во телата, со искривени шлемови, со неизносени заштитни капни на чевлите, па пријателот и непријателот би станале толку неверојатно историски што и за сто години би ја затекнувале устата отворена за истиот говор и сите делови со кои сме го минувале животот прободени какви што отсекогаш биле - градниот кош, околувратникот, черепот - сѐ уште повторувајќи се, сѐ уште предизвикувачки, лесни како ангели, сѐ уште вредни за сеќавање и љубов.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Во својата суштина и во нашата стварност тој отсекогаш бил роден, иако непризнаен Загрепчанец.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Татко му ова го проследи со коментарот дека тој уште кога за првпат ја видел знаел дека таа вртиопашка отсекогаш била подготвена на такво нешто, но тој да не се грижи, туку по завршената работа да се врати во Софија, не во оној брлог во кој живееше со неа, туку во својот вистински, дедовски дом па тогаш „ќе се најде некое ново и умно решение”. За Константин З. сè стана безумно.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Островот или наследените односи, воспитанието на почит и разбирање меѓу поединците во секоја верска заедница, што се негуваат од генерација во генерација, се тие што се чуваат како пламенот на домашното кандило, како реликвија, како највисока светија, како стара, наследена икона во домашниот иконостас, како свитокот со цитат од Тора поставен на влезот од секој дом од некоја поранешна генерација закинтски Евреи?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
На Закинтос, се сеќава Карер на толкувањето на татко му, тие односи отсекогаш биле толку блиски што зад ѕидовите на еврејското маало живееле не само јудејски, туку и православни грчки семејства.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Рускиот дух отсекогаш бил поблизок до Александрија и Византија отколку на Атина.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Сликарите отсекогаш биле сомнителни.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Некои сликари ќе останат ловци на соништа.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Големите облаци отсекогаш биле разнобојни како фустаните од алпака, како постелата на Апу од кого душа си немаат ни снежните заклони, ни брзите реки кои се прават наглуви кога им велиш да запрат малку.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
АНДИТЕ: ПОВИСОКО ОД ЖИВОТОТ Андите отсекогаш биле повисоко од животот.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Мислам дека отсекогаш бил Ралфи Некој или Нешто, но неговиот прекар се должеше на една негова суетност.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Ваквиот уметнички експеримент отсекогаш бил проследуван со некрофилските вежби на многу теоретичари на уметноста - пред сѐ формалисти, или ако сакате: историцисти, кои отсекогаш барале периодични и аналогни објаснувања.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Но граѓанските војни отсекогаш биле слаби точки на Европа.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Планината и целиот крај отсекогаш биле мирни од таа страна, па момчето не се плашеше за својот живот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сите овие три дроги отсекогаш биле употребувани како средства за ублажување на болки.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Меѓутоа, Англичаните отсекогаш биле сметани за наративни сликари, што во европски контекст беше сфаќано како лошо и понижувачко. Тоа јас го оспорувам.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тој отсекогаш бил многу трезвен, секогаш.”
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Милдред Пирс е „женски филм“, а најмногубројните и најпредадените обожаватели на Џоан Крафорд се жени од работничката класа. („Отсекогаш била поголем хит за жените отколку за мажите“, забележува Дејвид Денби).329
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Естетиката и стилот традиционално се женска работа, исто како што политиката, стопанството и спортовите по правило се машки.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Цветното декорирање, внатрешното уредување и фризерството се женствени струки.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако маж пее висок фалсет, значи дека пее како жена.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кога ја среќавав Клара, чувствував дека животот може да има смисла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Јас знаев дека борбата на Добрата Душичка против бесмислата со помош на најбесмисленото нешто – разговорот со празното - значеше да ѝ се даде смисла на бесмислата; светот отсекогаш бил полн со луѓе кои се гледаат очи в очи и водат празни разговори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Меѓутоа, од перспективата на самите Muddhoney, кои 82 Margina #1 [1994] | okno.mk истакнуваат дека тие отсекогаш биле дел од “Гартистичката Брукслеска” (Garth Brooks, најпопуларниот country пеач во Америка) ова е сосема природен потег.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Ниту пак зошто почна да ја смета за злонамерна – таа отсекогаш била за Македонија.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Жалеше затоа што знаеше дека она старче сега веќе имаше поверувано, оти отсекогаш било подобро и ќе продолжи да биде, да се живее вака, без да му се даде на животот ништо од себе, без да се остави во него ништо свое.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, за него тој човек отсекогаш бил еден од оние, со кои што тој најмалку можеше да разговара.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Ма дај, не тропај глупости. Знаеш дека отсекогаш бил одмерен и разумен. И пред сѐ, многу културен.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
За разлика од нив, вистинските мерценари мерценери отсекогаш биле плаќани од кралевите, режимите како нарачатели.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Балканот отсекогаш бил проклет.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој добро знаеше дека револуцијата отсекогаш била утописки чин и дека на крајот се пресметувала со своите протагонисти, пред најавата на новата револуција.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
„Со Истазија.“ „Добро. И Океанија отсекогаш била во војна со Истазија, така ли е?“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Весниците и учебниците по историја, се разбира, отсекогаш биле пристрасни и обоени на некој начин, но фалсификувањето од овој вид што се практикува денес било невозможно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Се обиде да истисне малку сеќавање од детството што би му кажало дали Лондон отсекогаш бил токму ваков.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дали отсекогаш било вака?
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А целиот Балкан, сине, отсекогаш бил големо бојно поле.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Нагласи дека манастирот отсекогаш бил словенско просветно и културно жариште; дека населението околу манастирот по вера се православни; дека прават целина со крајбрежјето на езерото.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Политика... - Ха, политика?! Курва! - свика командантот. - Отсекогаш била таква... - рече учителот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Но денес нешто ѝ допушта да се појавува како таква, дозволува да се води сметка за неа, без оваа новост да може да се преведе во сумарните поими на мутација, експлицирање, акумулација, на револуција или традиција.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
3. поимот за науката или за научноста на науката - она што секогаш ја определувало како логика - поим кој отсекогаш бил философски, иако научната практика всушност никогаш не престанала да го оспорува империјализмот на логосот, повикувајќи се, отсекогаш, и сѐ повеќе и повеќе, на нефонетското писмо.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сите општо-познати уметници отсекогаш биле проблем - Ван Гог, Мондријан.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Никогаш нема да ги слушнете тие гледишта од обичните луѓе.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Хотелот беше близу до стариот град во женева, и како што талкавме по кривулестите улици на тој прекрасен дел од градот, таа однадвор ми покажа една преубава куќа крај една величествена црква, со камени темели, на аголот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Околу пладне се појави медицинска сестра за да го избања, да му помогне околу дневните вежби и да му даде ручек.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Но, тоа всушност отсекогаш бил Борхесовиот омилен начин да муабети: тргнувајќи билокаде каде што ќе го поведат разгранетите и кривулести ходници на неговото величествено помнење.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Бидејќи Борхес мораше да дремне попладнето, Марија ми предложи да излеземе на ручек, па така и направивме.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Ќе го пречекори каменот небаре отсекогаш бил таму“.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)