отсекогаш (прил.) - бев (гл.)

Отсекогаш бев уверен во тоа она што ни се случува нам дека им се случува и на нештата околу нас: книга со книга, флејта со флејта и врата со врата дека си разговараат меѓу себе, си шепотат, се разбираат и убаво се сеќаваат на сè што одминало...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во спротивно, критичката култура ќе го доживее својот целосен распад, токму на политичката сцена, значи, на општествениот полигон, кој отсекогаш беше егзотичното средиште на нејзиното ритуално исчезнување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Имаме разлог да се надеваме дека денес можеме да се задоволиме со овие микролошки перспективи кои би можеле конечно да ги потиснат застрашувачките амбиции на критичкото нивелирање, инаку, издиференцираните слики на светот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ваш Луан Старова Скопје 1 мај 2000 г. IV Пишувањето за мене отсекогаш беше антиегзилски рефлекс.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Поезијата отсекогаш беше духовна храна за мојата проза.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Летото живее со песните на Махмуд Дарвиш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Значи, постоеја сите околности недоразбирањата да се изгладат и тоа без некои посериозни последици за Родна и за нејзиниот брак. Дури и без туѓо посредување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Господи, таа отсекогаш беше надарена и од најголемата збрка да извлече лична корист.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Отсекогаш беа во добри односи со рисјанското население.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој отсекогаш беше слабичок, но наскоро стомакот почна да му се прелева преку панталоните.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Моја - кафе, колачи и вино.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој умре прв, му пукна еден крвен сад во синусите, се задуши од сопствената крв во сон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговата слабост беа пиво и кобасици.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)