Отпрвин се лутеше, грубо им се закануваше. Потоа свикна со нивната упорност.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Трајко отпрвин се позачуди на оваа Достина постапка, ама во својата простота си извади заклучок, дека жената е добра и радосна што ѝ даде господ „мешана киска“ и си ја продолжи работата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Шумот од организационото движење отпрвин се дигна во самата Бугарија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
30 Навалија на неа, ја грабнаа и ја понесоа... отпрвин се спротивставуваше, потоа молеше, па заплака... во некаков тунел, соба, одајче, ја треснаа вратата и ја заклучија.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Откако изодев малку по патот, се погледнав и видов дека тие делови од опинците што требаа да бидат оздола, се свртеле опаку, а бидејќи отпрвин се движевме по тревата која беше искосена, немав многу шанси да задремам зашто боцкаше.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Дедо Алексо го затекоа сам. Не ги очекуваше посетителите, уште помалку момчето од градот, па отпрвин се збуни, не знаеше што и како да зборува.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Бргу научив и да се справувам со маглата: отпрво се тресев како крадец пред да го фатат а отпосле разбрав дека од страв пијам многу оражада и севезден мочам.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)