остро (прил.) - и (сврз.)

Ама еве се чу остро и страшно: „Псст!“
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се завртува остро и Данче, која иако се преправа дека не ја интересира за кого е порачката, напнато сѐ слуша, и протестира.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Продолжително остро и нежно Глуво е сѐ.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
НЕДА: (Се обидува да рече нешто. Луков ја прекинува, остро и грубо.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сте честити сега, ве разбуди ете на штикови ледни дрнкањето остро и громкото ура, и Турчин се смете млад војвода дека командува просто.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Креснува ништо остро и налутено. Веројатно нѐ прашува: - Каде?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Што гледате, браќа?“, прашуваше Филозофот. „Гледаме нешто што досега не сме виделе: едно нешто остро и рапаво и друго сподобие, меко и мазно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Не ми требаат твоите шеги! - му рече остро и налутено Веле и додаде уште поналутено: - Разбра ли?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)