Само разбрав дека моите прсти, овие прсти, месје, остро се забоцуваат во топлото, драго место на Жаклин. Бев луд од болка. Тоа е сѐ што паметам.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Жолтеникавата светлина од фенерот се збира и остро се крши во неговиот монокл.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Од кај потокот уште се носеше тоа морничаво давење, жржење, и како ноќ остро се забиваше во тишината чукањето на волчешките заби.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
18 Како и во случајот со Бугарија така и Кралството Југославија било ставено на крстосница, дали да се приклони кон нацистичка Германија или да остане надвор и да го прифати британското и американското ветување за помош во случај да ѝ дадат отпор на нацистичка Германија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Исто така, во овој период, Министерствата за надворешни работи на Велика Британија и на САД испратиле заеднички демарш до Белград и остро се заканиле дека доколку Кралството Југославија пристапи кон пактот, по победата, Југославија ќе биде раздробена.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во седумнаесеттиот век, спротивно на француската тенденција сосема да ги галицизира Грците, одејќи до детали во мебелот и облеката, германските преведувачи остро се спротивставија на ваквите стремежи.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)