особено (прил.) - убаво (прил.)

Се разбира, не е само раскошот единствената причина да се видат обата дворца, туку уште повеќе и фактот што низ нив се гледа релјефно раѓањето и пропаѓањето на едно царство, особено убаво предадено низ портретите на падишасите, сместени во една галерија на „Топкаписи“, низ чии ликови се чувствува топотот и растежот, славата и пропаѓањето на аџеилуците со нивниот последен изданок Решад, чија старечка физиономија соодветствува на „Болниот од Босфор“ - отоманското царство во распаѓање...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа направи да се почувствувам особено убаво во негово присуство.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тој знае по нешто многу убаво да нацрта, а Фигаро особено убаво го црта.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)