„Марк без ‘о’
Стеван со ‘в’
со цртка меѓу нив,
фала многу“,
ќе речеше
и јака ти душа
ако некое си му го
згрешил
од готвење абер ни за жива глава,
освен за печена кокошка
и за парена брокула
никако да потрефи што со што се носи
и никогаш не ми бил
особено убав
но тој ми е првата права љубов
и мој семеник мислител
знаеше да ги толкува Кант,
Декарт и Фанон
на појадок или дремнат,
да извади повеќе од пристоен
нацрт на едночинка за нецели два часа
и да се сети на секоја реплика што
Џоан Крафорд
ја кажала пред камера176
Целиот габарит на важноста на Крафорд може да се измери според нејзината положба во климаксот на низата и според тоа што нејзиното име зазема цел стих во строфата – по зборовите за „репликата“ заради дополнителна нагласка, во случај да ви избегало нешто.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)