Имаше пред тоа некакви предупредувања одоколу, особено од родителите на учениците, учителот да се ослободи од козата, но тој и натаму си ја чуваше својата Мила.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Беше дојден до информацијата дека еден од најумните од врвното југословенско раководство, кој како татко ми многу читал, во кого најмногу верувал и самиот Водач, а во еден период дури и Сталин, своевремено, додека се занимавал со одгледување и откривање на печурките, особено од својата родна северна република, помислил да ја ослободи земјата од козарите и да ја претвори во цветна градина со безброј печурки!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И без да чека одговор продолжи: -Од пријателите и пријателките човек нигде да избега. Особено од оние што си играат доброчинители.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во Аргентина, матичната земја на Кортасар, се смета дека Аргентинците не настанале ниту од ацтешките ниту од другите домородечки божества, туку од утробите на бродовите што пристигале на брегот на реката Ла Плата од сите страни на светот, а особено од Европа.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И покрај некомпатибилноста со нашата внатрешна легислатива, особено од сферата на македонското деловно и трговско статусно право, кое воопшто не ги познава и не оперира со зборовите „претпријатие / компанија / фирма“ – сепак, авторите на оваа студија решија да ги употребуваат овие 221 термини, првенствено од практични причини.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Страни на овој договорот се рабо- тодавачот и работникот (чл. 16, ЗРО). 3. По осамостојувањето на РМ, со носењето на првиот македон- ски ЗТД (1996) – беше дерогиран терминот „претпријатие“, воведен со поранешниот сојузен Закон за претпријатија (1988) и се воведе само генеричкиoт термин „трговски друштва“ – во сите негови за- конски форми (ЈТД, КД, КДА, АД, ДОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Природно е дека ќе ги употреби Грција сите дипломатски патишта за да се задржи во Македонија на тие позиции, каде што се наоѓа од средните векови, особено од времето на турското завладување на Македонија, а грчките интереси во Македонија се бранат не од една Грција, а и од големите сили што не сакаат да се засили словенскиот елемент.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И по сето гореречено ќе се најдат мнозина што ќе речат: Можеби вистина е дека ако немало досега македонска словенска народност, таа може да биде создадена од времето, особено од сегашните историски околности; вистина е оти Македонците по својот јазик не можат со право да бидат наречени ни Бугари ни Срби, ами се нешто одделно, т.е. претставуваат одделна етнографска единка, но пак – како ние сега можеме да се викаме Македонци и да создаваме одделна македонска народност, кога ние, нашите татковци, нашите дедовци и предедовци сме се викале Бугари?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)