особено (прил.) - чувство (имн.)

Кампот треба да ја нагризе романтичната привлечност на убавината, да ја исмева сериозноста со која можеби ќе бидеш на искушение да ги окруниш своите емоции, особено чувствата на љубов и желба, и да ја деконструираш онаа автентичност со која можеби ќе посакаш да ги завиеш.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете зошто, на крајот на краиштата, е кампот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кампот, како што видовме, е внатрешна практика на една дијалектика во машката геј-култура која се врти околу низа спротивности меѓу романтиката и разочараноста, сериозноста и несериозноста, автентичноста и неавтентичноста – меѓу неироничниот набој на машката геј-желба за машка убавина и ироничното спласнување на тој набој. ‌Кампот ѝ припаѓа на една страна од тоа двојство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тоа може да направи геј-љубовните врски да изгледаат уште понеизбежни. ‌Машката геј-култура, затоа, морала да смисли низа лекови против романтичните јадови на кои им е подложна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)