Девојката од писмата на чичко ми, застаната пред трудот на татко ми, споредувајќи ја фотографијата што ја донесе и макетата, со показалецот од десната рака покажа кон едно осамено дрво на маќетата. Со чешма под дрвото.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
5.2 Јас не знам да војувам. Јас болувам и самувам И плачам за вас ближни мои И ви велам И си велам: Доаѓа часот да се прочита бескрајноста На морето Да се состават букви од скршените линии На хоризонтот, Да се седне на островот и да се самува Под осамено дрво Што говори со древен јазик.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)