Целата идеја да ги испразни сите институции во Америка - затворите, приватните училишта и клубовите од внатрешноста - и да ги пренесе во своето студио учејќи да зборува преку медиумот на оваа бука, на нов народски јазик, сѐ уште вчудоневидува. (...) Сепак, на крајот Фектори беше осудена на пропаст поради сопствениот успех, поради светлината што ја фрли и поради контрадикциите на Ворхоловата личност што тој така извонредно ги отелотвори во Фектори како своја фикција - големата американска сказна: Неговата храброст и софистицираност, неговата не виност и несигурност -Дракула и Пепелашка-Дрела (Dracula and Cindarella - Drella), како што сите го знаеа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Мислел дека ќе бидеме одушевени од самата идеја дека тој сѐ уште работел на реклами, што отсекогаш и го правел, со таа разлика што сега работел на “чиста” реклама, рек лама како висока уметност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но најопасно од сѐ беше тоа што тој не веруваше во неви ност и мислеше дека сите ние сме онолку софистицирани колку што тој мислеше дека е и самиот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)