Шејтановидното старче одговори како санким прашањето да го очекуваше: „Ене онаму над мостот, преку онаа другата река, да ѝ ебе пес мајката...“, рече промламуштувајќи уште нешто нечујно што во превод за Едо значеше „и нејзе та и вам кои кај неа доаѓате“.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Очекуваше да чуе човечки глас, ’рзнување на коњ, истрел, очекуваше онаму над колибата, во длапката низ која минуваше поточето за село, да ги догледа татка си, деда си, коњот...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)