онака (прил.) - веќе (прил.)

И од работа побарала подолго отсуство. А впрочем, курсот по антропологија што го држи на Универзитетот, и онака веќе го заокружила.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
МАТЕЈ: Требаше веднаш да кажеш. Сега е доцна. (Пауза) Не е важно, и онака веќе ништо не му е јасно.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Не мораше да живееш во геј-маало, кое и онака веќе не беше многу геј и кое и онака не можеше да си го дозволиш.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таквите расправи и онака веќе отишле предалеку; станале толку специјализирани и софистицирани; во секој случај, ја надминуваат тука зададенава тема.227 Тука кампот завреднува истражување во онаа мера што ни овозможува да ги утврдиме и разбереме особените одлики на машкиот геј-дискурс, неговата својствена прагматика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Воопшто не мораше ни да живееш меѓу геј-луѓе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во обид да им удоволат на сите, да му удоволат на едно национално читателство составено од имашливи поединци кои можеа да си ги дозволат производите што се рекламираа на нивните страници (со што се покриваа трошоците за плати, печатење и дистрибуција), овие изданија стануваа сѐ понеконтроверзни, сѐ покомерцијални и сѐ полесни, за да се претворат најпосле во геј-еквиваленти на списанијана што ги даваат во авион.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оваа загуба на јавната сфера ја искупија подемот на интернетот и создавањето на виртуелните заедници.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Контактот лице в лице во геј-маалата, кој веќе згаснуваше, сега сѐ повеќе стануваше заменлив.450 Можеше да си најдеш геј-луѓе на интернет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Има добри причини за да се избегнува заплеткување во овие пошироки дебати за значењето и дефиницијата на кампот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не ја тераа да го препрочитува писмото, туку само сакаа да го видат, да го земат во рацете, да го загледуваат од сите страни, да ги замачкуваат и онака веќе замачканите букви.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)