онака (прил.) - крупен (прид.)

Влезе, со својата црна филцена шапка и изветвеното палто и застана, онака крупен, покрај вратата на дневната соба климнувајќи ни и погледнувајќи нѐ сите со своите тажни очи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го гледа, сега, вратена дома откај Ребека, онака крупен и свртен со грб кон неа, како седи во колипката со отворен весник во рацете, читајќи на скудната светлина од газијарката покрај него, додека далеку пред него, почнуваа тивко да заблеснуваат првите ѕвезди.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нина знаеше дека, онака крупен и тежок, газејќи колку што може потивко, тој оди до одајата на браќа ѝ, и дека гледа во празните кревети сакајќи да се увери дека момчињата што изутрина ги испрати на пат, навистина не се во своите постели како секоја вечер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)