онака (прил.) - ги (зам.)

Мојот стомак, кој и онака ги имаше присобрано сите вишок масти и килограми на моето тело, небаре невидлив магнет за маснотии му се беше заглавил околу папокот, сега беше скоро двојно поголем од неговата нормална величина.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- А на Васил нема да му го избришеш приборот? - се пошегува тетка Марија, наместо да се навреди, а потоа се сврте кон мене и ми рече, - Знаеш сине, тетка ти Олга мисли дека сум многу нечиста, а не сфаќа дека јас само не сум толку чиста како неа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А сепак, Томасиниевото задоцнето инсистирање на чувството на Даниелс за сопствената совршена природност (со маки стекнато, мора да се признае, благодарение на долгогодишна терапија) е да ги истера сите призрачни злодуси на геј-психотерапијата и на родовата девијантност кои и онака ги повикала подозривата опседнатост на Томасини со настраната музичка персона на Даниелс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)