околу (прил.) - наоколу (прил.)

Со многу суви везени пиперки и узреани црвени домати во земјен грнец, убаво поклопен, убаво околу наоколу залепен со тесто и на оган од суви говедски лепешки.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не се сеќаваше на самиот воздушен напад, но се сеќаваше на раката на татко му која ја стискаше неговата, додека брзаа надолу, надолу, надолу во некакво место длабоко во земјата, околу наоколу едни спирални скали кои одѕвонуваа под нивните нозе и кои најпосле толку многу го истоштија, што почна да кенка и тие застанаа да одморат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ем јас чунки сум прв на земјава наша, како војводата ваш што го имате во Прилеп, така и јас сум овде, - да сум ја опколил сета земја околу наоколу сум видел оти не може ништо да се прибере од лоши спили и далги.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Колку за гемија, Силјане, околу нашава земја не е чаре да може да дојде, чунки бијат талазите во бреговите и околу наоколу бреговите се спили и камења.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Чомлекот, на пример; редовницата уште одвечер ќе го наполни грнецот со дробенки од гоедско месо, само удина, ќе стави многу кромид, цел грст налупени чешниња лук, една рака суви везени пиперки, црна пипер, сол, две-три дрвени лајци сало и ќе го поклопи; околу наоколу поклопот убаво ќе го залепи со тесто за грнецот, за да не туши, и така спремениот грнец ќе го намести на огниште.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
2. Натаму од Неделска Вода, околу наоколу по должината на целиот гребен на Потковица, некаде и на падините, под осамена оскруша, под осамен глог, или под осамен џбун од диви рози, сѐ до нејзиниот крај, односно сѐ до почетокот на источниот лак, се таат Средочна Вода, Топла Вода, Киселец и многу други знаменити или безимени води кои служат за поило на луѓето, на добитокот и дивината.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)