околу (прил.) - мој (прид.)

Се возат, се вртат, аздисуваат, околу моето жолто масиче, во моето жолто собуле, во сништата мои пожолтени.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Тоа никогаш нема да можам да го прежалам, ќе се задушам во сопствената продирачка прашина на вина која ќе ја носам како превез околу мојата судбина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Топлата есен 2000 година од Христовото раѓање, во Византион илити Константинопол, илити Цариград, илити Стамбол, илити Истанбул на западната страна на црквата „Св. Софија“ (Аја Софија) откај што можеше најубаво да се види, да се доживее храмот, седнат на дрвена скамејка и по четврти пат го почувствував студеното ветре околу моето срце и знаев дека, од некаде, одблизу ме демнат темните очи на Рибоокиот, и оти неговото тело е во близина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)