околу (прил.) - еден (прид.)

Дури сега забележувам дека дервишите кружат околу едно стилско канабе, на кое, во поза на Мме Рекамие, е оптегната нашминканата гимназијалка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Неговите вознемирени очи зјапаа во ѕидот на околу еден метар над Винстоновата глава.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека сите се во движење тие си седат молкома околу еден голем ковчег.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Потамина сврте в десно и се спушти надолу каде што здогледа паркче и спроти паркчето кафеана каде што, околу една маса поставена надвор, беа наседнати тројца возрасни луѓе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)