околу (прил.) - пладне (имн.)

Околу пладне, штом ќе е готова летната манџа, и штом ќе се курдиса сонцето како што треба, младите охридски мајки (што не значи дека во Охрид нема од стара мајка деца) ги дотеруваат бебулињата, ги сместуваат удобно во количките кои задолжително имаат чадорче или нешто друго за да им држи сенка, па полека тргнуваат кон езерото.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Околу пладне во собата влезе Ружа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
ОХРИДСКИТЕ МАЈКИ
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Доаѓам со автобусот од Белград. Чекај ме во недела на станица околу пладне. Твојата внучка Рада.“
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пред зори го зедоа. Го вратија околу пладне. Мирисаше на хлороформ.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Околу пладне, кога сонцето беше највисоко на небото и кога горниот слој на снегот малку беше омекнат од неговите зраци, Бојан презеде потфат во чиј успех ни за миг не поверува, но нешто однатре, појако од неговиот чист разум, го гонеше во обид да ја провери таа своја замисла.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Околу пладне патот се засечува во подножјето на планината.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)