околу (прил.) - оган (имн.)

Уметниците имаа нацртано борчиња и други дрвја, на средината на бината имаше огниште со големи цепаници, во средината светилки обвиткани со црвена тенка хартија, стававме цигари да чадат, вистински логорски оган.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Меѓу боровите имаше стража, а ние околу огнот, некои дремеа, а повеќето пееја: „О другару наш, силен дух имаш, во борба нѐ водиш“, итн.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Луѓето ги оставаа убавите куќи, топлите одаи, богатите градини зад куќите, ги оставаа дрвените кревети, долапчињата, садовите што ги имаа присобрано или откопано од дворовите и градините, си ги врзуваа старите пљачки во бовчи, ги префрлуваа изврзаните кокошки преку рамо не водејќи сметка дека ќе бидат испосрани, ги дигаа сламариците со сѐ прав, болви и раздробена слама - се преселуваа околу огнот на дедо Костадин.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)