околу (прил.) - триесетина (бр.)

Посакувам да можевте да го видите: тој беше малечок и жилав, тром повеќе отколку што би ви дозволила фантазијата да замислите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Семовиот репертоар се состоеше од педесет и пет смешни приказни и околу триесетина или четириесетина песни. Но, по никоја цена не запираше тука.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
КРАЛУПИ, тоа е еден од поголемите индустриски центри во Чешка, се наоѓа близу до Прага, на околу триесетина километри.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Имаше околу триесетина години овој кутар божјак, со грпка што му стрчеше под кошулата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)