Стаклениот покрив одозгора се крши и се урнува...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Додека вака се разговараа коџабашијата и поп Ристе четите лакомо јадаа на „Студена" од донесените печени брави и топол леб, кога по ридот одозгора се зададоа двајца селани.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тоше и Милан влегоа во растот, се поздравија и со другиот четник што беше на стража и побараа да ги одведат веднаш кај војводите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тукушто претрупи неколку сакови дрва, одозгора се појавија двајца млади луѓе.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Порано Бојан често ќе се вовлечеше во плевната, па ќе лежеше во сеното или ќе се катереше по гредите и одозгора се ѓувкаше во тој дебел, зелен мек душек.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)