Дури ќе стое лејката, јас одовде не мрдам — му одговори Толе и се раздели од него, испраќајќи го до Плетварски Дервен, да не го згаштат уште тука агите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од бучавата смогот сѐ повеќе се развласува, се протега и се раскостува, се шири, авторот забележува дека смогот почнува и да се крева, ене го веќе кренат над училиштето „Кочо Рацин“ и наскоро ќе ја зафати и неговата куќа што тој одовде не ја гледа, само по тамина знае каде е.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Дури бимбашијата го претресуваше мало Мариово, Толе се врткаше по старо Мариово преку Црна.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Одовде не можев да забележам дали коларот нагло ја потегна уздата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)