одново (прил.) - и (сврз.)

Можеби тоа беше давање одушка од макотрпната работа, можеби беше терање инает во војните, со реквизициите, со даночниците и чифликсајбиите, но жителите на Потковицата, со вкоренет оптимизам на луѓе прикрепени за земјата, односно со докрај изјаснета свест дека таа, мајчичката земја, раѓајќи одново и одново го обновува својот и нивниот живот, односно дека освен неа и нив ништо друго и никој друг не е вечен, на сѐ во врска со жетвата му дава одреден празничен призвук.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Подготвувањето на едно востание се продолжува 5-10 години и после сите замешани во него или умираат или пак, ако останат живи, треба да останат без ништо и да си изберат некоја друга работа што ќе треба да ја зафатат одново и за која можеби и не се сосем подготвени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Одговорот на прашањето: Збира ли јазикот толку колку што може да загуби мислата, а да најде песната - се потврдува одново и одново во секоја песна на Анте Поповски.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Одново и одново се загледувам во нејзините очи, во лицето и челото ишарани со брчки и покорно, наведнувајќи глава ѝ бакнувам раце и ... занемувам од восхит...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Секогаш ќе постои еретик, непријател на општеството, за да може да биде победуван и одново и одново победуван и понижуван.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тренингот - да се биде во состојба, кога си најблиску до целта, таа одново и одново да се оддалечува - служеше за сета животна неволја да се прифати без посериозни проблеми и пореметувања.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
„Несреќите се за луѓето“, им велеше слепиот Тимон.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Бати го овој живот“, велеа луѓето, „што сѐ одново и одново го почнуваш“. „Сатаната дојде - не зима...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Потоа ползејќи пак се врати на местото каде што рибаше со четката и со едната рака на половината, а со другата држејќи ја четката, продолжи да го трие подот и уште посилно да плаче.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И овојпат беше превкусно, но бев свесен како повторно ќе ги закочи моите и онака мрзеливи црева и при секоја помисла на ова одново и одново се препотував.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога го видов првпат по смртта на Софи, брат ми седеше неподвижен, со погледот закован некаде во средината од масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие месеци брат ми секојдневно се јавуваше кај Софи; еден месец пред породувањето таа му кажала дека се чувствува многу лошо, следниот ден му се јавил зет му Макс Халберштат и му рекол дека состојбата на Софи се искомплицирала, и била итно префрлена во болница, а ден потоа Макс му се јавил одново и му кажал дека Софи починала.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)