А ова е тетка Рашела”, велеше татко ми, повторувајќи ја над таа една фотографија, секогаш одново истата, непроменета реченица. Првпат тетка Рашела ја видов на старата фотографија со поткршени краеви.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Потоа ќе ја нема меѓу нас децата една недела, или повеќе, или помалку, сѐ зависи од одлуката на нејзините, и пак одново истото. Секогаш истото.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Потстанав. Го сонував одново истиот сон во кој дедо ми заминува во багажникот на модерен автомобил, налактен на шареникаво ќебе, во удобен дрвен ковчег од кој ми мафта како пред интересно и важно патување.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Понекогаш мислам дека родителите се многу глупави, што дека се возрасни.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)