Одговорот на прашањето: Збира ли јазикот толку колку што може да загуби мислата, а да најде песната - се потврдува одново и одново во секоја песна на Анте Поповски.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
На тој начин јазикот на терапијата се гради одново во секој тераписки процес, со користење на говорот на пациентот и другите учесници како тули, а не со воведување на професионалниот говор што терапевтот го научил во своите професионални кругови.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Одново и одново во примерите што ги наведов излегува дека токму од жената машката геј-култура го презема екстравагантниот, историски стил на емоционален израз, го пародира и си го присвојува како средство за поединечно и колективно машко геј-себеизразување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Вгледан во светлата што де се појавуваат де се губат како пот на вжарено чело, и го варакосуваат запрашеното џаде и шумата што брзо потонува во мракот, кој знае кој пат се забива, се вгнетува, се вгледува одново и одново во патот што го помина и се повеќе се вгнездува во него, зашто на него порасна и, иако е сакат, се храни со надеж дека, дури и дооден, ќе го дооди.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Се сетив на пораката на еден од Дарвишовите стихови, кој беше толку близок со мојата егзилска судбина: Ѕвездите се зборови кои блескаат... погледај ги, ќе ја прочиташ сета наша историја: овде се родивме меѓу огнот и водата - и ќе се родиме одново во облаците кај синиот брег...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Настапуваше тивката летна квечерина. Се појавуваа првите ѕвезди над езерото.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Налактени и со брадите втиснати во вкрстените дланки, замислени скитаат и дали сега, совладани со молкот, одново во мислите ги обновуваат изодените патеки, дали го одмотуваат клопчето на својата младост одмината во времето – невреме што се истркала низ големата удолница на чие дно се разбија и запустија големите надежи?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Нејзините гласни очајувања траеја со часови по завршувањето на посетите на нејзините блиски.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа ја донеле одново во Гнездо, и веднаш штом си заминале, Криста се раздвижила, и почнала да офка по ќеркичката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Да кажам ли експлицитно:
нам не ни е доволна надежта
таа е блага и некако споровозна
нам ни треба силна доза
прекумерна, да не доведе
до самиот крај
за потоа да можеме
со тревога и терапија
да се вратиме одново
во животот.
Евентуално...
Афазија: македонска трагедија
Гледам да сакам филм добар, да, дома.
DVD.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)