одново (прил.) - му (зам.)

И пак и одново му се присторува дека некој таинствен глас на разумот, совеста и осудата допира до него некаде од срцевината на дебелите и многувековни дабови што растат на оброчиштето одспротива и го прашува: ЗОШТО!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Девојката одново му го сврте грбот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека видот одново му се изоструваше, тој се сети кој е и каде се наоѓа и го препозна лицето што гледаше во неговото; но некаде во неговата глава постоеше голем празен простор, како да му е извадено парче од мозокот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но еве сега таа одново му доаѓа во сонот, излегува од сликата на која беше качена на коњ и која му ја подари при запознавањето со неа, и му вели: „Зошто избега така налутено?
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но гледајќи ја војската која ги имаше запоседнато положаите над селото, гледајќи ги војниците кои се врмзлаа низ селото, коморите со јадење и оружје што врвеа низ селото, нивните повремени вежби, одново му затреперија оние со мака залечени нерви, одново му навреа сликите од фронтот, одново го заплусна бранот на сеќавањето: зафати да го витла, да го бреца, да го крши, исполнувајќи го со ужас и зафрлувајќи го да паѓа, да се тркала, да вика.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Веднаш потоа, штом прилегна, пак ја почувствува напнатоста, пак трпки му полазија низ телото и одново му се чинеше дека искокнува од својата сопствена кожа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но Бојан упорно ја одбиваше мислата за волците, која со истата упорност одново му се враќаше в глава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Оливера Поточка пред сите кажува дека е трудна и дека не сака овде да го роди, а на Филип Хаџиевски одново му се одзема умот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Faleminderit - му велам на албански, но и пак не сум сигурен дали добро го изговорив зборот, па затоа ставив десна рака на срце и одново му реков дека го бараме патот за Врбник.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)