Оттаму произлегуваат многу, ако не и сите случаи на уметничко репродуцирање на светот во “деформирани” слики.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Потоа сите излегоа надвор, па почнаа да пеат и да играат, а кога одново требаше да седнат на своите малечки столчиња во собата, Зоки пак си седна врз својата масичка. Ова на Зоки многу му се допадна.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Со оглед на тоа дека настанот во секој случај е единствен, во мерка на својата разлика наспроти другиот, секојпат одново треба да се измислува, и тоа не без стојалиште, туку секојпат надминувајќи го, без било каква сигурност и извесност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Да, јас одново треба да барам лост, лост во себе, со кој ќе ја поткренам земјата и себеси самиот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тогаш завршуваше само замислено да чекори крај бреговите на езерото, осамен, гледајќи ја играта на брановите, споредувајќи го животот со судбината на токму овие бранови, кои секогаш одново треба да започнуваат со патот кон брегот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но, од друга страна, како да се бориме за тоа а да не ги жртвуваме најистозвучното можно со-обраќање, преведувањето, информациите, демократската расправа и законот на повеќе гласови?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Секогаш одново треба да се признае пресудноста на интензивниот однос на напнатост кон светот за севкупниот маниристички склоп на изразување.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)