одненадеж (прил.) - ќе (чест.)

Тоа беше исто како кога некого одненадеж ќе прашате какво му е броилото на часовникот: со арапски или со римски цифри, во која боја?
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога ќе малаксаат од пиење и пеење, кога ќе се вангелосаат убаво, стануваат, и сите заедно одат на гробиштата; одат на гробот каде што требаше да лежи Лоте; седнуваат крај него и плачат, ронат солзи; жалоста уште повеќе се зголемува кога Лоте одненадеж ќе се струполи над гробот, ќе се оптегне колку што е долг и широк: ќе ги прекрсти рацете на мевот, ќе ги вклешти вилиците, ќе ги затвори очите и ќе го запре дишењето; луѓето тогаш му пеат тажни, погребни песни, му палат свеќи, му принесуваат цвеќиња.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Оној, кој одненадеж ќе се втурне во некоја соба и ќе растури сè што може да се растури.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)