одненадеж (прил.) - се (зам.)

И сѐ си одеше добро до оној ден кога во семејството на Профим, во неговата слога и љубов, не пукна нешто како кога одненадеж се расцепува небото и удира гром.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На Хенри Морис поради нешто му остави впечаток електричното мрморење, чудната, студена светлина што одненадеж се појави низ пукнатината на вратата, чудниот мирис и туѓиот тон на потреба во гласот на Минк.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Како да се буеше гласот на некаков повик, неразбирлив за сите нас, кога Мајка одненадеж се придвижуваше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Однедадеж се стемни. Падна жеден дожд.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Одненадеж се случи она најстрашното: тој ме беше налегнал и ме беше сковал распнат, го гледав озлобеното лице над мене, сторив напор да се поткренам, ама не се можеше, миговно се свртев влево и го закасав во десната рака.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Јосиф повторно одненадеж се засмејува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Најпосле, откако направија широк круг под црната празнина, тропнаа на една врата на која одненадеж се појави Томе Биџов, синот на Борис Биџов.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)