одненадеж (прил.) - го (зам.)

И во еден миг, кога му се стори дека почна да насетува на што го подготвува султанот, одненадеж го опфати треска.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Никогаш не застануваше, ниту се обѕрнуваше за да види што се случило на улицата, без оглед колку многу тоа го привлекуваше вниманието на другите луѓе, а ако понекогаш одненадеж го фатеше пороен дожд, си го продолжуваше патот со рамномерен чекор небаре грее сонце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш одненадеж го видов Били над себе.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ах, господе, што ќе биде ова, рекоа луѓето гледајќи ги мравките што одненадеж го опседнаа селото.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но, одненадеж го залеа врелина, во главата му навлезе оган.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
(...) Ручаме во Бенвеевата канцеларија кога одненадеж го повикуваат на телефон.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Не е толку трагично - одненадеж го прекина Захаријадис - И зошто една таква малодушност?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Можеби дури и не знаеше дека може да се живее поинаку или дека, ако се живее поинаку, помалку би се чувствувала тежината на чемреењето и тагата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)