Не сакавме да размислуваме за не-веројатноста, за тоа дека можеби и ќе се најдеме во некој воз но дека тоа нема да биде доволно бидејќи овојпат нема да смее да се прекрши она што однапред ќе биде одредено; ја замолив да не мисли, само метрото нека си оди, и никако да не плаче во текот на тие две недели додека јас ќе ја барам; без збор е договорено дека доколку рокот истекне а ние не успееме да се видиме или дури и ако се видиме но само додека не нè раздвојат два различни ходници, веќе нема да има смисла враќањето во кафулето, портата на нејзината зграда.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Беа утврдени рокови: петолетки, десетолетки, кога земјата рајски ќе расцути, кога до небо ќе се извишат фабричките оџаци, кога ќе се описменат луѓето, кога однапред ќе се утврди колку ќе се произведе, колку нови кадри ќе се образуваат...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)