Ване се намурти прашувајќи се каде ќе ја смести таа втора чаша, кога и така од првата беше не толку заматен во главата колку исполнет во празната утроба, но Геро толку настојуваше што веќе и не прашуваше и со задоволство однапред ги триеше дланките пред повторното бетонирање.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Не поради некаква сентименталност, туку едноставно што знаеше од искуство дека многу работи што однапред ги планира човек - не секогаш се исполнуваат.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Дали на вистинскиот убиец му се даде втора шанса и пред да се најде откриен па новинарот, од телевизорот во чекалната кај дебелата тетка, однапред ги загуби своите изгледи? - ова не ми беше познато, како ни Смарагдната шума на соништата во која мистично заталкав...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Од луѓето наоколу ништо не може да се скрие, тие работите како оваа со брат ми, уште однапред ги знаат, уште не речени, само што се смислиле.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тој со палтото вршеше секакви домашни работи, но внимаваше.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И од тоа пукање паднаа и пропиштеа неколкумина, но толпата однапред ги прегази во темницата и нурна напред, каде што веќе поп Јаков со Трајка Сирмев, сина му на овега Јована, зета му Стојана, ќерка му Анѓа, снаата му Сирма, Ристета Најдов од Градешница, Волче Паленза од Полчишта и други поглавни и похрабри борци веќе вртеа лево-десно со јатаганите да направат премин.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Најнакрај, се плашев да не бидам приморан да станам хирург и однапред ги жалев моите несудени пациенти.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)