однапред (прил.) - знае (гл.)

А кај се чуваат тие засебни народни сили, прашува Боше упрекнато зашто однапред знае дека Максим ќе му одговори нешто што нема да го задоволи или што тој нема да го разбере докрај.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јас однапред знаев кој што ќе рече потоа.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Речиси весело ги правев воздушните маневри, однапред знаејќи дека нема да бидам одобрена и не стремејќи се, потајно да го постигнам тоа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
- Тетко Рајно, уште ги нема тато и мама - реков, иако однапред знаев дека и таа не може ништо повеќе да ми каже.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Да пробам, значи, со букви да опишам, иако однапред знам дека описот неподобен ќе биде, на видението: музика беше тоа од најфини тонови, најзвучна, и затоа што најзвучна е, увото земско не ја слуша.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не е ништо чудно што Гарванов и неговите сомисленици го исфорсирале востанието, иако однапред знаеле дека немало речиси минимум услови да се реализираат целите на МРО.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Гемиџиите, значи, однапред знаеле дека, фрлајќи ги овие бомби по солунските улици против полицијата и аскерот, на непријателот нема да му нанесат голема штета освен што ќе создадат паника во градот и услови да бидат убиени или да се самоубијат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И кој зне зошто праша. А однапред знае дека не треба да праша.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Непознат човек, а толку познат. Однапред знае за него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Кога би можел да заспијам“ - си мислеше Бојан, но однапред знаеше дека тоа е невозможно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Нема да можеме да летаме? – го прашав, однапред знаејќи го одговорот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Можеби некогаш другпат – ме успокои тој. – Време е да застанеш малку на земја. Летањето нема да ти побегне.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Танаско и Друже Србине не се изненадуваа, чиниш сѐ однапред знаеја, ама и во нивните очи како да имаше некакво сомневање што може беше и поради жалта по Костадина!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Не се дотеруваше како другите негови домски другари - да спие со врзана коса, да црта ќумурни мустаќи, да пушта долги нокти на малиот прст - зашто однапред знаеше дека со ништо нема да го подобри својот физички изглед, за евентуално да го сврти вниманието на некоја од оние девојки што живееја како нив во државната установа на милосрдието и дарежливоста, само преку ѕид.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа мачна развлеченост кога работата „никаде не мрда” и кога чекаме да „мине покрај”, за „генералот” по настанот со Кајпори да го изрази Ашенденовото чувство за вина и за гнасење над себеси, зашто учествувал во толку валканата работа - за Кајпори ни е жал многу време порано, однапред знаеме дека тој не е бараниот германски шпион, дека за него „работите се одвивале наопаку”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Противникот однапред знаеше за намерата и добро се подготви за одбрана.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Селаните ги палат стрништата полни презреани надежи и пак го превстасуваат дождот за кој однапред знаат дека е јадрокап и ги удира в чело урнатиние на животот.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Само паметните мирно можеа да чекорат во животот, не осврнувајќи се на случајно наметнатите тежини за кои однапред знаат дека подоцна ќе се преобразат во леснотија.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сонцето и онака пак ќе си изгрева на исток И пак ќе заоѓа на запад што не значи дека и на запад Нѐ грее сонцето додека туристите чекаат Да го уловат во своите камери залезот За кој однапред знаат дека е волшебен и незаборавен Пред зајдисонце на запад катаден луѓето стануваат имуни На романтични воздишки и нежности од каков било вид Воопшто на запад многу е распространето мислењето Дека љубовта и сите воздишки се обична измислица И дека живеачката во целост ја движат пазарните односи Затоа на запад има сѐ повеќе жени кои не знаат да се бакнуваат Ај што не знаат да се бакнуваат ама не знаат ни да готват А тоа веќе директно се одразува врз квалитетот на сонувањето Зашто во рестораните за брза храна не се крепи здраво сонување И понекогаш е поарно да си гладен и барем со време да си знаеш
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)