однадвор (прил.) - допира (гл.)

Потоа го трие лицето, долго и упорно, додека однадвор допира бучавата на задоцнети автомобили.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Наоколу се знаците на еден див упад.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дури и повремениот мрморлив глас на мајка му, што однадвор допираше до него, му звучеше необично.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Однадвор допираа разни звуци, но ниеден да му ја чепне свеста.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
(Однадвор допираат стапки. Наслушнува).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Во другата „слика” неговата соба е променета, однадвор допираат звуци на нацистичката пропаганда.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)