одеднаш (прил.) - стане (гл.)

Не смеам да дозволам да ме води бес и лутина, ги сублимирам негативните чувства но, ќе го унифицирам гневот, тешко е, но ќе издржам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сакам да викам, но молчам, паднав но ќе станам, одеднаш станав болно свесна за сопственото достоинство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Со палецот и показалецот ми ја фати долната усна, благо ми ја повлече кон брадата, ми ја отвори устата за да може да ми го стави јазикот на непцето, таму каде што по знакот на некоја сензорна клетка одеднаш станав премногу силен и премногу слаб пред жената која знаеше да ми се вовлече во моето тело и да биде мое тело или јас нејзино, сеедно, да бидеме едно тело во кое се заробени две души завеани на беспаќе што го нарекувавме живот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога одекна плускот на шамар, неколку од нив одеднаш станаа, возбудено погледнувајќи кон сепарето, но Тихомир ја испружи раката пред нив како рампа, давајќи знак за смирување.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тие управуваат со принци­пите на претставувањето.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тие одеднаш станале апсолутно неопходни во трансферот на текстуалната информација и, едно­ времено, сè уште потполно расположливи, зависни и атемпорални.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
БОРИС: Страшно како вие одеднаш станавте началници.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Како зборува?“ Одеднаш станав нестрплив да си одам.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тажните, немтурести деца одеднаш станаа други, ги кренаа главичките како да си ги повадил.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И лошо се чувствувавме затоа што одеднаш станавме цивили и чудно ни беше без нашите војнички цокули, панталони, блузи, капи, без наредби и команданти и бевме среќни што останавме живи...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мони, Миле и Бистра одеднаш станаа малечки, а во следниот момент почувствував како нешто ми се лизна под ногата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- А ти? Ти што мислиш, смрдам ли? - како што ја прашуваше, дланките почнаа да ѝ се потат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Наставничката одеднаш стана и налутено извика: „Вие двајцата! Да видам со што се занимавате!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Меѓутоа, кога виде дека децата му се скрија во орманот не свртувајќи се, одеднаш стана и тргна по нив со очите полни со солзи од лутина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)