одеднаш (прил.) - почувствува (гл.)

Одеднаш почувствував страшна глад.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
На оваа убавица со години сум мислел, сум се мачел да ѝ пријдам, поради мислата на неа толку пати не сум можел да легнам со жена ми и одеднаш, сега кога таа ми се предаде, кога имав чувство дека пречекорувам во пределите на рајот и чистата среќа, дури и помислував како ќе се разведам за да се земам со оваа жена, јас одеднаш почуствував несовладлива желба за сексуален однос со мојата жена која, еве, на очиглед ме изневерува со радијаторот, како што тоа буквално може да се каже.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Го запишав тоа и одеднаш почувствував страв.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Одеднаш почувствува како ѝ се зажари и вратот и лицето, го слушаше топотот на срцето на сите страни, приближувајќи му се на парот кој во тој момент ги здогледа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Но се покажа дека Вадим не само што се сепна туку и во брзината го дофати татка си за грло, и тоа беше снажен машки стисок.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И тука - среде целосната тишина во својата душа - мртовецот одеднаш почувствува ужасен страв за својот мртовечки живот; дури почувствува удар на своето умрено срце.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Одеднаш почувствував дека паѓам, дека цел се простирам преку улицата, а доматите, компирите и крушите што ги носев во една кошница, се разлазија по асфалтот!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Влегувајќи внатре, Мартин одеднаш почувствува потреба да се сврти, да погледне преку рамото, но се воздржа.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)