одеднаш (прил.) - добие (гл.)

Небото одеднаш доби румени нијанси, луѓето започнаа да се движат во слоу моушн, а над нас одекнаа звуци на патриотска музика кога Лари ми се обрати со глас во којшто надежта сè уште немаше умрено: - И нема да го доживееш.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И така тоа станува прашање на животот и смртта.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Уште од Илијада и Хомер, преку Овидиј и Уметноста на љубовта, постоела и се провлекувала таа бесмислена, неизбирлива и безначајна толпа; а едновремено, тие односи одеднаш добиваат големо значење, како што покажуваат Парис и Хелена, Агамненон и Менелај, итн.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Пред неколку години и тој, како и некои негови пријатели пред него, одеднаш доби желба да замине.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И тогаш, ете, се случи и тоа што никогаш не се случило порано и во кое до денес никој не поверувал дека се случило: Ескимките одеднаш добија тен како чоколада.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)